Токсичен и опасен за здравјето на луѓето, во изобилие со крвни деликти, можни заразни, болести и инфекции, во време на прогласена епидемија на морбили во главниот град Скопје, како и во соседните градови Тетово и Куманово, се врши транспорт на медицински отпад спакуван во жолти ќеси.

Медицинскиот отпад најобично спакуван како секојдневно ѓубре, опасност која шири неподнослива миризба, сместена во обичен камион не како што треба според правилникот за транспорт на медицински отпад, во соодветно возило, денес, утрово приближно 9 часот е забележан како се движи од Тетово кон Скопје. Каде се градските власти, инспекторатот со кој толку се гордеат градоначалникот Шилегов и власта, да реагира на ваквите по живот загрозувачки ситуации и закани? Транспорт на медицински отпад на отворено, без соодветно возило сред бел ден и нема реакција. Зошто, кој каде спие? прашуваат загрижени граѓаните

Миризбата ја осетија сите околни возила додека камионот стоеше паркиран на семафорот и чекаше да појде.  Отворениот токсичен камионн кој сееше заразни матријали и пренесуваше токсичен отпад на отворено е забележан како стои на семафорот на раскрницата помегу улицата Јадранска магистрала и булевар Словенија. Камионот се движеше во правец кон Скопје.

Ваков тип отпад законски смее да биде транспортиран само во соодветни возила и единствено место каде што тој смее да заврши е во печката на скопската депонија „Дрисла“. Иако и таму не се располага со соодветна печка за согорување на ваков отпад, неофицијално посочија дел од вработените во „Дрисла“ меѓутоа тоа треба да е крајната дестинација, сепак возилото беше несоодветно и транспортот опасен и ризичен.