Со цел безбедно враќање на децата во училиштата, американската агенција за храна и лекови одобри итна употреба на вакцината Фајзер против коронавирусот за деца на возраст од 12 до 15 години. Ваквата одлука се однесува на милион деца кои се дел од едукативниот процес во САД.
Инаку најголем дел од децата кои се заразени со коронавирус развиваат благи симптоми или се асимптоматски. Сепак, децата не се целосно вон ризикот од тешко заболување и може да го шират вирусот.
Американскиот претседател Џо Бајден ја оцени како „охрабрувачка“ одлуката на регулаторот на САД да одобри употреба на вакцината на Фајзер/Бионтек за малолетници на возраст од 12 до 15 години. Бајден изјави вакцините ќе спасат илјадници животи и американците ќе можат да се вратат во нормалниот начин на живот.
– Безбедните и ефикасни вакцини го ограничуваат ширењето на вирусот, спасувајќи илјадници животи и дозволувајќи им на милиони Американци да почнат да се враќаат во нормалниот живот. Во следните денови ќе слушнеме повеќе од Центарот за контрола и превенција на болести за нивните препораки, истакна Бајден.