Група од 18 научници, вклучително и еден од најистакнатите светски истражувачи на коронавируси, ја започнаа дебатата за тоа дали Ковид-19 избегал од лабораторијата во Вухан преку ноќ.
Но д-р Ши Зенгли, познат како „Жена лилјак“, инаку научник од Институтот за вирусологија во Вухан, ги отфрли новите тврдења дека Кводи-19 можеби избегал од нивната лабораторија. Ги нарече „тажни и неприфатливи“.
Предупредувајќи дека нема доволно докази за да се исклучи таа можност, групата му напишала на престижното списание „Сајанс“, повикувајќи на понатамошно истражување за потеклото на видот Ковид-19, одговорен за глобалната пандемија.
– Мораме сериозно да ги сфатиме хипотезите за природна и лабораториска трансфузија додека не добиеме доволно податоци – се наведува во писмото.