Турскиот професор доктор Исмаил Балак, најави дека наесен Турција ќе започне со производство на руската вакцина Спутник В. Причината е намалување на турската зависност од увоз од други земји, а во Турција постои и фабрика во која условите за производство на препаратот се идеални, изјави Балак.

– Поради оваа причина, вакцината ќе може да се произведува под сите безбедносни услови, додаде тој. Балак истакна дека кога биле аплицирани две дози од Спутник В, лицата биле заштитени 97,6 проценти од Ковид-19.

Договорите за набавка и заедничко производство на Спутник В беа склучени пред неколку месеци. На 26 април беше објавено дека турската фармацевтска компанија Вискоран ќе ја произведува руската вакцина Спутник В во своите погони.