Лукот е еден од најупотребуваните зачини ширум светот. Во минатото се користел како лек за различни болести, а денес се смета за еден од најмоќните антибиотици.
Лукот е најпознат по алицинот, компонента на која се правени бројни истражувања и се утврдени низа на позитивни дејства по здравјето на човекот. Најголеми количества алицин има кога лукот е сосем свеж, а потоа тие постепено опаѓаат, бидејќи алицинот е нестабилна компонента.
Лукот има малку калории, но доста микронутриенти, како витамин Ц, витамин Б6, Б5, манган, цинк, фосфор, калциум, калиум, селен. Покрај тоа, во 100 грама лук се содржат 6,5g протеини, 2,1g растителни влакна и сосем мало количество маснотии. Лукот игра голема улога во зачувување на здравјето на срцето, позитивно делува кај остеоартритот особено кај жените, а најважно е тоа што го штити целиот организам од штетните микроорганизми, бактерии и вируси.
Доколку имате проблем со висок крвен притисок, јадете лук секој ден пред појадок. На тој начин многу побрзо ќе се апсорбираат само хранливите материи од лукот и дополнително ова е најлесен и најсигурен начин за одржување на крвниот притисок под контрола.
Еве уште неколку корисни дејства на лукот и зошто треба да консумирате лук во секојдневната исхрана:
• здравјето на коските
• здравјето на косата и кожата
• одредени типови на канцери
• алкохолно-замастениот црн дроб
• заштита од предвремено раѓање на бебињата (честа причина се микробните инфекции)
• подобрена потенција(заради подобрена циркулација)
• конзервирањето на некои прехранбени продукти