Тестирани се вкупно 19.543 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со незначително намалување од 0,7% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 122 нови позитивни случаи од 16 градови во државата со намалување од 21,3% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 0,3% до 1,1%, просечно 0,6%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца од е регистрирана во Кичево.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=38, 31,1%). Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=25; 20,5%), 30-39 (n=20; 16,4%), 50-59 (n=16; 13,1%) и 20-29 (n=10; 8,2%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=5; 4,1%) и 10-19 години (n=8; 6,6%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај повеќе возрасни групи, освен во групата на возраст од 0-9 години каде се забележува незначително зголемување, а кај возрасните групи од 30-39 и 40-49 години се регистрира непроменет број на заболени. Најголемо процентуално намалување се регистрира кај лицата на возраст од 20-29 години (-44,4%). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 63 (51,6%) лица од женски и 59 (48,4%) од машки пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 157 лица кое биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 66,2% во споредба со минатата недела. Пријавени се 7 смртни случаи од 2 града, 46,2% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 6 лица биле над 60 години и едно лице на возраст од 40-49 години.