Во главниот град на Русија, Москва оваа недела е прогласена за неработна поради зголемениот број на заболени со коронавирусот. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денеска нареди воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за сите вработени во услужниот сектор, како дел од борбата против драматичната епидемиолошка ситуација во рускиот главен град.
-Едноставно, треба да сториме се што е можно за да извршиме масовна вакцинација што е можно поскоро и да ја запрема оваа страшна болест и да ја запреме смртта на неколку илјади луѓе, рече Собјанин.
Во моментов во Москва се хоспитализирани 12.000 лица. Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 13.397 новозаразени и 396 смртни случаи од коронавирус. Во Москва, во истиот период биле заразени 5.782 лица, а 75 лица умреле.
Најавата на Москва за задолжителна вакцинација против коронавирусот е прва во Русија и е во спротивност со изјавите на претседателот Владимир Путин, кој кажа дека се противи на присилната вакцинација, иако и тој ги повика Русите да се вакцинираат.
Собјанин рече дека во Москва, метропола со околу 13 милиони жители, вакцинирани се само 1,8 милиона лица.