Земјите од Западен Балкан меѓу кои спаѓа и Македонија ќе добијат донација од данската влада на вакцини од компанијата „Астра Зенека“. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија ќе добијат по 250 000 дози вакцини кои данската влада ги порача и плати. Причината е тоа што Балканот има значаен недостаток на вакцини што истовремено оптоварува некои заедници, но и го зголемува ризикот од нови жаришта, посочи данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод.
-Драго ми е што можеме да излеземе во пресрет и да им помогнеме на нашите блиски партнери со ова апсолутно неопходно оружје против пандемијата, односно со вакцините. Западниот Балкан е дел од нашето непосредно соседство и имаме силен заеднички интерес да се држиме заедно и во пандемијата, вели Кофод.
Моментално се работи на тоа донациите да се реалиираат во наредните месеци. Во моменталната епидемиолошка ситуација, како што наведуваат данските здравствени власти, ја вклучија вакцината на производителот „Астра Зенека“ како изборна. Бидејќи побарувачката за оваа вакцина е многу ограничена, данските власти одлучија да ја поделат порачаната количина вакцини „Астра Зенека“ со земјите на кои им е потребна.