Голем број од луѓето не посветуваат внимание на налепниците кои се на кората на овошјето, туку инстиктивно ги одлепуваат пред јадење. Дури и кога ќе ги забележат, ретко кој знае што тие значат.
Но, тие таму не се без причина, објаснуваат експертите. Освен евентуално името на производителот на декларацијата треба да се најде и број кој открива важни податоци за начинот на кој е одгледано овошјето. Декларацијата првенствено се однесува на овошје кое е увезено.
Налепница со 4 броеви: Ако овошјето има декларација со четири броеви и почнува со бројот 3 или 4, значи дека е одгледувано со помош на вештачко ѓубриво, односно по земјоделски правила кои важат во последните 50-тина години. Лимонот на пример е означен со бројот 4033, додека бананите со бројот 4011.
Налепница со 5 броеви: Ако овошјето има пет броеви од кои првиот број е 9 тоа значи дека е органско. Таквата декларација е гаранција дека тоа овошјето е одгледано без пестициди и ѓубриво. На пример, органски одгледаните банани се со бројот 94011.
Првиот број на декларацијата е 8: Ова можеби е најважната декларација бидејќи претставува овошје кое е генетски модифицирано, а се препознава на основ на пет броеви, од кои првиот е секогаш 8. На пример овие банани на себе го имаат бројот 84011.