Покрај тоа што се хранливи, даваат енергија и претставуваат практичен и брз оброк, смутито е лесно за приготвување. Во прилог брз и лесен појадок од чаша.

Состојки:

½ филџан млеко
½ филџан вода
1 банана
2 лажички масло од кикирики
2 лажички какао или чоколадо во прав
Подготовка:

Исечкајте ја бананата и заедно со сите останати состојки измиксајте ја во блендер. Наместо кравјо може да ставите соино млеко и по желба може да додадете и пола лажичка мед. Сето тоа сипете го во голема чаша и уживајте!