За овој пијалок потребни се следниве состојки:

Состојки:

1 банана
1 портокал
1 филџан јогурт
Мал корен ѓумбир
¼ лажичка цимет
Подготовка:

Исечкајте го портокалот. Малиот корен ѓумбир излупете го и ситно изрендајте го. Исечкајте ја бананата и заедно со останатите состојки измиксајте ги во блендер. Според вкусот можете да додадете малку манго или лажичка мед.