Речиси и да не постои човек кој не сака тазе испечен леб.

Неговата хипнотизирачка арома во комбинација со крцкавата коричка и богатиот заситен вкус на печиво што се топи во уста е незаменлива.

За оние што не можат да си го замислат животот без тесто, „добрите“ научници во далечниот Израел измислиле диета со леб, со чија помош може да симнете неверојатни десет килограми за само две недели.

Еве што треба да знаете пред да ви го претставиме овој режим на исхрана.

Научниците од Израел под водство на познатата нутриционистка Олга Рез-Каснер велат дека редовното внесување сложени јаглехидрати, какви што има во лебот, во комбинација со немасно сирење и овошје, го намалуваат чувството на глад и помагаат да ослабиме. Исто така, овој начин на исхрана е корисен за дијабетичарите, бидејќи ја намалува желбата за благо, го намалува холестеролот, крвниот притисок и нивото на шеќерот во крвта.

Во основа, диетата се состои од две етапи. Кај двете заедничко е тоа што цело време треба да пиете многу вода, минимум 7 чаши дневно. Дозволено е да се пие кафе и овошен сок, но во разумни количини. За време на диетата не е лошо да земате и калциум и мултивитамини.

Прва етапа

За време на првата етапа од оваа диета секојдневно консумирајте од 7 до 12 мали парчиња леб, без разлика за каков леб станува збор. Отприлика, нормата е половина резанка. За мажите, бројот изнесува од 12 до 16. Лебот може да го намачкате со ситно сирење или многу тенок слој путер. На оние што јадат месо дозволено им е тенко парче риба, шунка или пршута.

За жал, благото е строго забрането, но наместо тоа може да јадете секаков зеленчук, само да не содржи скроб. Дозволени се и три јајца неделно. Секој ден треба да внесете 200 г кисело млеко.

Три пати неделно се јаде риба или месо со динстан зеленчук. Меѓутоа, тогаш треба да го намалите лебот на 4 парчиња. Секој ден се јаде и по едно јаболко. Треба да јадете на секои три часа. Првата етапа трае една недела.

Втора етапа

Во текот на втората недела, лебот може да се замени со варени мешунки и шолја варени макарони. Дозволено е и консумирање варени овесни снегулки, хелда, ориз и варен компир.

Консумирањето зеленчук не е ограничено. И понатаму продолжувате да јадете по 200 г кисело млеко дневно. Два пати неделно дозволено е риба и пилешко бело месо. Јадете на 3 или 4 часа. Идејата на оваа етапа е да ја сочувате тежината по брзото симнување килограми во првата етапа.

Диетата може да трае неограничен временски период, така што ќе одите по ред со првата етапа и потоа со втората.