Полициски службеници од СВР-Тетово во периодот од 8 до 11 август извршиле проверка на лица на кои им е издадено решение за изолација и позитивни со Ковид-19 на подрачјето на Тетово и Гостивар.
Притоа, било констатирано дека Д.Л. од Косово, со престој во нашата држава, Љ.С.(54) од Тетово, две малолетнички и нивната мајка А.Ќ.(37) од Тетово, М.Љ.(49) од Мала Речица, А.Х.(20) од Мала Речица, Б.Х.(35) од тетовски Лисец и М.З.(54) од Гостивар, сите со решение за изолација и домашно лекување, ја напуштиле државата, соопшти МВР.
Претходно беше соопштено дека при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско, вчера полицијата открила четири лица кои ја напуштиле државата и покрај тоа што биле заболени од ковид-19.