Директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски, во вечерашното гостување на една од нашите тв куќи зборуваше за третата доза вакцина против Ковид-19 која според изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, ќе можат да ја примат сите оние кои се со зголемен ризик да заболат од Ковид-19.
Др. Петличковски посочи дека третата доза е поврзана со најмалку несакани ефекти споредено со првите две и е само едно освежување на имунитетот и давање на нови најмалку 6 месеци безбедност. Според него оние кои веќе примиле две вакцини не треба да стравуваат, стравот останува кај оние кои не примиле ниедна вакцина.
Во однос на тоа дали комбинирањето вакцини од различни производители треба да ги плаши луѓето, Петличковски објасни дека апсолутно не треба и дека комбинирањето е безбедно и всушност дава подобар ефект отколку давање трета доза после две истоветни вакцини.
Директорот на Институтот за имунологија исто така зборуваше и за скринингот кој треба да се спроведе во основните и средните училишта, со што според него ќе се добие јасна слика за асимптоматските случаи меѓу децата и какво е реалното ширењето на вирусот. Петличковски рече дека би било добро да се тестираат сите деца во училиштата, но ако се нема доволно средства, тогаш и некакво тестирање е подобро отколку да нема воопшто.
– Фокусот треба да биде на учениците кои не се вакцинирани и оние кои имаат вон-училишни активности. друг пристап е ако се фокусираме на учениците кои имаат симптоми. 8000 од 240 ијлади ученици е мала бројка, но сепак ќе видиме некаков увид и основа, рече Петличковски, додавајќи дека е добро да е вакцинираат и помладите.