Се соочуваме со постуден период од годината, поради што е важно да посветиме дополнително внимание на здравјето и квалитетот на храната што ја внесуваме во организмот. Ви носиме листа од најважните намирници кои треба да ги вклучите во вашата исхрана во овој период.

Цвекло: тоа е корисно од коренот до лисјата. Сѐ од цвеклото се јаде! Содржи нитрати кои ќе помогнат во намалување на крвниот притисок и побрзо закрепнување од тренинг или спортување. Со други зборови, консумирањето цвекло ќе помогне да се отстранат трагите од исцрпеност во телото.

Тиква и нејзините семки: Тиквите се богати со диетални влакна и бета-каротин. Семките зачувувајте ги, потпечете ги во рерна и потоа користете ги како закуска за грицкање. Покрај тоа, можете да ги додадете во супи и салати, а преку нивното консумирање ќе внесете многу влакна, фосфор, железо и манган во вашето тело.

Јаболка и круши: Обидете се да стекнете навика да консумирате барем еден плод секој ден, со цел да апсорбирате доволно влакна и хранливи материи во телото и на тој начин да помогнете во здравјето на вашето варење.

Калинка: За квалитетна доза на витамин Ц – консумирајте калинка. Покрај тоа што помагаат за контрола на крвниот притисок и закрепнување после тренинг, содржат и многу полифеноли и фолати.

Брокула: Вклучете брокула во вашата исхрана, а доколку нивниот вкус не ви одговара, консумирајте ги во комбинација со сос по ваш избор. Брокулата содржи многу витамин К, како и фолна киселина и железо.

Карфиол: Редовно јадете карфиол, кој можете да го подготвите како додаток на главното јадење. Богат е со витамин Ц, го намалува холестеролот и штити од рак.