Наставниот кадар кој со години чекаше вработување на неопределено време, најверојатно ќе биде извисен, алармираат од Синдкатот на образованието. Директорите на училиштата веќе распишале нови огласи за вработување, каде се бараат наставници, учители и образовен персонал.
Од СОНК информираат дека од 2009 до март лани, направени се 8.000 трансформации. Според Јаким Неделков, во моментов има наставници кои имаат стаж од пет па и повеќе години и сеуште немаат трансформација.
Во меѓувреме над 120 тужби се поднесени по основ на трансформација на работен однос од определено на непопределено работно време на учители и наставници од основните и средните училишта, преку адвокатската канцеларија на СОНК. Трансформациjа на работниот однос, според Синдикатот, чекаат околу 1.700 наставници.
Според Шехтански, до овој проблем дошло поради законските пречки на изборниот законик кој предвидува во тек на изборна година да бидат запрени сите трансформации на работниот однос.
Инаку, од СОНК го презентираа и Извештајот за поведените судски постапки од своите членови за правото од работен однос и донесување пресуди по таа основа. Велат ќе ги запознаат и Народниот правобранител за кршење на Законот за работни односи.
Колку за посетување, периодов актуелната власт направи чистка низ речиси сите училишта ширум земјава. Само во Битола беа избркани од работа над 70 наставници и воспитувачи од основни и средни училиште. Во школите во Тетово не им беа продолжени договорите за работа на 45 наставници. Меѓу отпуштените има наставници кои предавале повеќе од 5 години, а биле едуцирани како квалитетни кадри. Слична беше ситуацијата и во Охрид, посебно во основноѕо Свети Климент Охридски. Не беа поштедени ни Штип, Велес, Куманово.