Освен нов Клинички центар, ќе се гради и нова Градска болница на местото на сегашниот Мајчин дом во Аеродром. Финансирањето на изградбата на Клинички ќе биде со пари на Европската централна банка. Министерот за здравство Филипче и претставници на банката пред две недели ги финализирале работите за кредитот за изградба. Пари кои според проценките на Министерството ќе бидат доволни за целиот проект.
„Место на коешто можат да се изградат 19.000 метри квадратни и коешто сметаме дека е најсоодветно да се префрли сегашната стара градска болница којашто се наоѓа спроти собранието и којашто зафаќа простор од 5.000 метри квадратни. Таму е започната реконструкција, меѓутоа инфраструктурата е многу стара и практично сметаме дека е невозможно да се доврши соодветно“, изјави министерот Филипче.
Продолжува и изградбата на новиот центар за аутизам. Проектот е започнат пред неколку месеци, во Топанско Поле, а изградбата се очекува да заврши на крајот на следната година. Според проценките, капацитетот на центарот треба да биде доволен да прими деца со аутизам од целата држава. Поради тоа не е потребно зголемување на капацитетите на Заводот.
Министерот упорно продолжува со продавање на ветувања на граѓаните на Македонија, сите ние сме тука како пациенти, првично се поставува прашањето зошто од централното градско подрачје се дислоцира градската болница, тогаш тоа ќе биде аеродромска болница нема да биде градска, второ, кога министерот ќе почне да се однесува одговорно, никаква рекација нема за користењето на лекови со поминат рок во струмичката болница, а се искача во јавноста со ветувања за нови работи, продавање на нови идеи само да се заташкат старите проблеми. Извинете министре ама ние, народот, не забораваме така лесно и нашето внимание и фокус се поголеми отколку што вие мислите!!!