Посебни и специјални тројца советници во кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче, се бараат, распишан е оглас од Министерството за здравство.

Огласот важи до 2-ри мај, а во него се бара посебен советник во кабинетот на министерот за здравство, тројца, поврзани со имплементација и креирање на здравствени политики и меѓународни проекти.

Според огласот кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови, висока стручна подготовка, пет години работно искуство, познавање на англиски јазик и компјутери и ефективна усна и писмена комуникација. Бидејќи се посебни советници од нив се бара покрај работата преку работната недела, работа и за време на неделен одмор, за време на празници заради извршување на итни и неодложни работи.

Посебните советници ќе бидат вработени во кабинетот на министерот на определено време за период до истекот на мандатот на министерот.

За овие тројца посебни советници на министерот, Филипче ќе одвои од 35 000 до 55 000 денари. Во огласот стои дека пристигнатата документација ќе ја разгледува комисија од тројца членови формирана од министерот Филипче, во рок од три дена по завршување на јавниот оглас.

Од извори во Министерството се дознава дека во кабинетот на министерот Филипче се ангажираат околу 10 луѓе, сите млади, но да се помисли како да се среди хаосот во здравството не му паѓа на ум на никого. Вакцините исто не се средени, на секое „ќоше“ казнети родители, децата се условени да примаат вакцини дури и ако се настинати, бидејќи во спротивно нивните родители ќе добијат парична казна. Сето ова што се случува народот го интересира, како неможе да се средат основните работи, меѓутоа да се ангажираат дополнително луѓе на товар на буџетот, за тоа нема проблем, може веднаш!