Во Козле најмладите пациенти со коронавирус се едномесечни близначиња

Во Детската клиника за белодробни заболувања „Козле“, едномесечни близначиња се најмладите пациенти заразени со коронавирус, се вели во изјавата на директорот на клиниката Бесник Зеќири на еден од македонските медиуми….

Во Детската клиника за белодробни заболувања „Козле“, едномесечни близначиња се најмладите пациенти заразени со коронавирус, се вели во изјавата на директорот на клиниката Бесник Зеќири на еден од македонските медиуми.

– Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Има и поголем дел кои се лекуваат амбулантски. Најмладите пациенти на корона вирус се две близначиња од по месец дена. Повозрасните се 16-17 години. Младите доаѓаат навреме на лекување, што значи дека родителите се грижат за нивното здравје – рече Зеќири.


Related Articles