Во штипскиот ковид центар починаа тројца пациенти

Во штипскиот ковид центар починаа тројца пациенти, од кои двајца од Кочани на возраст од 55 и 82 години и еден штипјанец на возраст на 78 години. Портпаролот на Клиничка…

Во штипскиот ковид центар починаа тројца пациенти, од кои двајца од Кочани на возраст од 55 и 82 години и еден штипјанец на возраст на 78 години.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен информира дека во Инфективното се лекуваат 39 пациенти. Но, загрижува тоа што 36 се на кислородна поддршка, а во текот на изминатите 24 часа примиле и шест нови пациенти.

Пациентите кои се лекуваат во овој ковид центар доаѓаат во тешка здравствена состојба, затоа и инфектолозите постојано апелираат на имунизација на населението, но и веднаш да се јават кај матичниот лекар. Во моментов на Инфективното одделение има 21 слободен кревет, а на Кожното одделение немаат хоспитализирано пациенти со лесна клиничка слика.


Related Articles