За 58,4 проценти од младите, невработеноста во државата е клучниот проблем со кој се соочуваат. Младите не се задоволни од квалитетот на постоечките мерки и политики за младите луѓе, а во однос на стандардот за живеење, го делат мислењето дека тој е низок, но и постои мала мотивираност да го подигнат.
Ове се клучните наоди од истражувањето од почетната студија за младински трендови во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската унија.
Според истражувањето, за 58,4 проценти од младите невработеноста е на прво место на листата на проблеми, потоа следуваат материјалната и економска независност – 50,8 проценти, како и алкохолизмот, зависноста од дроги, деликвенцијата и слично – 45,9 проценти. Во однос на стандардот за живеење, младите го делат мислењето дека стандардот ни е низок, но од друга страна има мала мотивираност кај младите да го подигнат, а најчесто како најлесно решение се бира заминувањето од земјата во ЕУ. Она што е битно е дека младите се свесни оти тие се оние што треба да ја дизајнираат својата иднина.