Околу 600 волонтерски часови минаа вработените од компанијата „Џонсон Мети“ по повод Меѓународниот ден на волонтерството – 5ти декември. Во шестдневната волонтерска активност, 45 вработени дадоа поддршка на заедницата, преку готвење со Ретвитни оброк и во реализација на Инклузивна прослава и кретивни работилници со Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром-Трисомија 21.

„Горди сме што оваа година сме рекордери во волонтерски денови на ниво на целата групација. Успеавме да реализираме околу 600 волонтерски денови и се искачивме на врвот на листата на најбројна волонтерска екипа. Меѓународниот ден на волонтерството е многу важен ден за Џонсон Мети но и за сите наши волонтери/ки. Како и секоја година и овој ден беше одбележан со низа активности“, вели Боријан Борозанов, извршен директор на компанијата Џонсон Мети.

Компанијата донираше намирници за подготвување на оброците со Ретвитни оброк, како и сите материјали за изработка на новогодишни украси за работилниците со здружението Трисомија 21.

Вработените носат големи импресии и прекрасни искуства од волонтерските активности.

***

Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети.

Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе.

Ја инспирираме науката, го подобруваме животот.