Денеска во Домот на Армијата се одржа крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Во Домот на Армијата денеска се одржа традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на најголемата музичка ѕвезда и хуманист Тоше Проески. Крводарителската акција ја реализираат Црвениот крст на Град…

Во Домот на Армијата денеска се одржа традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на најголемата музичка ѕвезда и хуманист Тоше Проески.

Крводарителската акција ја реализираат Црвениот крст на Град Скопје и Општинската организација на Црвениот крст во Гази Баба во соработка со ИТМ.

– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатливо обележје на нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. Досега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 000 единици крв, велат организаторите.

Акцијата се реализираше од 9 до 17 часот, а организаторите најавија дека таа ќе се спроведе согласно пропишаните мерки и протоколи за заштита од ковид-19.


Related Articles