Др.Демири: Единствена мерка која би не заштитила од коронавирусот е вакцинацијата

Луѓето не треба да се опуштаат и да мислат дека омикрон е лесна варијанта, затоа што ова охрабрување е клинички неиздржано, вели доктор Илир Демири од Инфективната Клиника и член…

Луѓето не треба да се опуштаат и да мислат дека омикрон е лесна варијанта, затоа што ова охрабрување е клинички неиздржано, вели доктор Илир Демири од Инфективната Клиника и член на Комисијата за заразни болести. Тој вели дека неговото досегашно искуство покажува дека нема евидентирано ниеден починат од ковид без коморбидитети, а да е редовно вакциниран.

-Единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска. Жално е пациент да живее во Скопје, а да не е вакциниран, апелираше доктор Демири.

Заклучно со 29 јануари 2022 година во Македонија се вакцинирани вкупно 866.227 лица со барем една доза на вакцина против ковид -19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 842.917 лица, а со трета доза се вакцинирани 128.268 лица. Со една доза на вакцина против ковид-19, во државата и странство, вакцинирани се 52 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 48 отсто од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 41,9%.

Опфатот со две дози на вакцина против ковид-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,6%, односно 46,7% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,7%.


Related Articles