Македонија се наоѓа на шесто место во категорија најсиромашни држави во Европа

Реномираната независна организација World Population Review според извештајот кој го објавија за 2022 година ја рангираше Македонија на 6 место во категорија најсиромашни држави во Европа. Во 2021 според Business…

Реномираната независна организација World Population Review според извештајот кој го објавија за 2022 година ја рангираше Македонија на 6 место во категорија најсиромашни држави во Европа.

Во 2021 според Business Standard бевме рангирани на 3 место во прегледот на најсиромашните земји во Европа, мерено согласно БДП по глава на жител.

Согласно приложеното може да се види дека користена е сосема логична метода на мерење, односно бруто домашниот производ (БДП) како еден од најважните параметри што се користат за мерење на економската стабилност на цела држава и тој често се надополнува со бруто националниот производ (БНП) по глава на жител, што дава добар показател за тоа како граѓаните просперираат или напредуваат во државата.

Согласно овие анализи Македонија е високо на листата во групата 10 најсиромашни држави во Европа последниве две години.


Related Articles