Претстојниот iOS 12 оперативен систем на Apple на корисниците ќе им покажува колку време поминуваат користејќи го нивниот iPhone
Претходно овој месец, Google објави дека Android P се развива со фокус на „дигиталното здравје“. Ќе содржи секција Dashboard насочена кон корисниците која ќе покажува колку време трошат во користење на нивните уреди, но исто така и на одредени апликации. Dashboard ќе понуди податоци и за бројот на отклучувања на паметниот телефон во текот на денот.
Се чини дека и Apple работел на нешто многу слично. Компанијата во понеделник ќе го лансира новиот iOS 12 и делот Digital Health во менито за поставување. Секцијата ќе содржи сет на алатки кои ќе покажат колку време корисниците трошат со користење на iPhone и iPad. И сега на некој начин постојат одредени начини да го направите ова, бидејќи можете да одберете подесување на батеријата и да кликнете на апликациите и да видите колку долго тие се вклучени. Сепак, собирањето на сите овие податоци во централна локација е многу подобро и покорисно.
Земајќи ги во предвид вообичаениот распоред на Apple, iOS 12 корисниците ќе го добијат во септември, само неколку недели откако Android Р ќе стигне на Google Pixel телефоните и други уреди. Оваа година и двете компании се обидуваат да им помогнат на корисниците да постигнат поздрава рамнотежа помеѓу гаџетите и своите животи.
Bloomberg наведува дека iOS 12 ќе има подобрена и понапредна верзија на ARKit AR платформата на Apple. Корисниците ќе добијат мод со кој ќе бидат во можност да играат AR игри против други во иста виртуелна средина, како и мод кој овозможува „фрлање“ објекти на одредена локација, притоа виртуелно да останат на исто место, пишува Klix.
Покрај тоа, iOS 12 како приоритет ги има стабилноста и брзината, но ќе има и нови можности и редизајнирање. Минатогодишниот iOS 11 имаше проблеми со перформансите и баговите.