На Ангела Здравковска во септември 2019 и е детектиран мозочен абсцес на десна страна Dg. Abscessus cerebri reg capselae internae dex, кој е отстренет со хируршки зафат. Постоперативно се соочува со левострана хемипареза. Dg. Haemiparesis spastica lateris sinistri. Хемипареза е состојба во која се засегнати екстремитетите на едната страна (во нејзиниот случај левата), нивната контрола и движење.
Со вашата донација ќе помогнете на една девојка од 30 години да си го оствари сонот да се види себеси во сосема ново светло и да изгради своја нова Ангела. Оваа поддршка и е важна да го исполни сето горенаведено. Рехабилитацијата треба да се изврши во ОРТО МД – поликлиника во Нови Сад специјализирана во регенеративна медицина и рехабилитација.
Каде и како ќе се заврши приказнава зависи од Ангела, но и од финансиите кои ќе ги собереме за таа да продолжи понатаму. Да бидеме хуамни и да помогнеме.
Можеме да помогнеме на следниот линк: https://www.facebook.com/150905984946351/posts/4975807375789497/