Докторите и нутриционистите советуваат за време на диетата да внимавате да имате доволно количество од следниве 5 витамини, доколку сакате успешно да ја намалите тежината:
Витамин А
Го забрзува метаболизмот и му помага на телото брзо да се опорави од стресот.
Го има во пилешкото, свинското и рибата, жолчките од јајца, млечните производи и путерот.
Калциум
Го полни телото со енергија и директно влијае на метаболизмот.
Го има во млечните производи, но добро би било да бирате производи со пониска масленост.
Хром
Го забрзува метаболизмот и помага подобро да се апсорбира гликозата, која дава енергија во телото.
Го има во бразилските ореви, елдата, свежиот кромид, мешунките, компирите, брокулата, прокељот и мрсните морски риби.
Б витамини
Тука спаѓаат витамините Б1, Б6 и Б12 кои го намалуваат апетитот и штитат од прејадување.
Ги има во мешунките, црвеното месо, лебот од цели житарки, кафеавиот шеќер, жолчките од јајца, морската храна и рибата.
Калиум
Ја зголемува еластичноста на кожата и го подобрување варењето на храната, но и помага во отстранувањето на токсините и тонирање на мускулите.
Го има во бананите, сушеното овошје, јаткастите плодови и спанаќот.