Кокосовото масло има навистина сјајни предности како за нашата кожа, така и за нашето здравје. Исклучителни ефекти се постигнуваат доколку го користиме за нега на лицето.
Со оглед на тоа што кокосовото масло не е премногу скапо, многу лесно можеме да дојдеме до него и да го набавиме. Ова масло е честа состојка во разни креми и козметички препарати, но секогаш подобро е да користите нешто во природен облик.
Како да го користите кокосовото масло за нега на лице?
Можете да го користите за вечерно чистење и нега на лицето. Ова масло има антибактериски ефект, па е одлично и во случај на дерматитис. За ефикасно да го исчистите лицето, истријте го лицето и вратот со масло со кружни движење на прстите. Пожелно е така да го оставите некое време, или преку ноќ, а кога ќе се пробудите измијте го лицето.
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.