Реновираниот Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле, во кој се обезбедува психосоцијален третман и поддршка за децата и советодавна работа со нивните родители, конечно во текот на денешниот ден се отвори.
Центарот има капацитет да го посетуваат 90 деца и тие ќе добиваат индивидуализирани услуги од специјални едукатори, логопеди и социјални работници, а истиот ќе функционира во две смени од 8:30 до 19 часот.
На отворањето на центарот присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Реновирањето, како што соопштија од МТСП, е резултат на заедничка соработка помеѓу Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, Здружението на граѓани „Имаго Плус“ и ЈУ “Завод за рехабилитација на деца и младинци“ – Скопје.
Што е тоа што посебно го има направено министерката царица, во однос на овој центар, таа освен за двојазичноста не се грижи за ништо друго, сега во последниот период и за промена на името, не дај боже да се сврти кон нејзините основни работи во министерството и да започне со решавање – прашаа граѓаните и се огласија со нивен стави размислување, бидејќи како што тие посочија да не биле сите други инволвирани страни овој центар ниту ќе бил реновиран ниту ќе бил отворен, а минситерката царица, денес на овој настан е само во улога на манекенка бидејќи го отвара центарот ништо друго нема сработено, до кога вака, кога ќе започнеме со чувствување на резултатите од вашето водење на МТСП?