Оваа посна салата со пченка е добредојден гостин на празничната трпеза, но дефинитивно заслужува да остане запаметена и по завршувањето на постот.

Состојки:

1 пакетче пченка
250 гр. посен мајонез
2 моркови
250 гр. печени кикирики
лажица ипол сусам

Подготовка:

Оваа салата е многу лесна за подготовка, што ја прави уште позадоволувачка за уживање.

Морковите исечкајте ги на коцки, а печените кикирики сомелете ги на помали парчиња.

Во поголем сад измешајте пченка, кикирики, моркови и додадете мајонез. Додадете сусам додека ги мешате сите состојки.

Покријте ја салатата со фолија и чувајте ја на ладно место.