Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес присуствуваше на саемот на услуги „Начини до добро ментално здравје“ во организација на Националниот младински совет на Македонија и Министерството за труд и социјална политика.
На настанот беше презентирана Националната стратегија за ментално здравје на младите како и новото советувалиште за млади кое треба да го имплементира министерството како прв чекор од акцискиот план кој произлезе од стратегијата.
Планирани услуги кои треба да се даваат во советувалиштето се: советодавни услуги, психосоцијална помош и поддршка, окупациона терапија и градење на вештини и менторирање. Советувалиштето ќе биде во склоп на Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“.
Министерката Тренчевска во своето излагање ја истакна нејзината доверба кон младите во нивниот прогресивен дух и начин на размислување. Таа истакна дека Владата досега работеше заедно со младите, беше дел од нивните иницијативи и се со една цел, подобри можности во нашата држава и поголеми перспективи.