Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 14 степени.
Според УХМР, за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и со постепен пораст на дневната температура. Во сабота ќе има услови за слаб локален дожд, а во недела ќе биде сончево и релативно топло. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на следната седмица.