Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имунитетот, па дури и ја подмладуваат кожата. Летото е сезона кога пазарите изобилуваат со дарови од природата. Највкусните овошја и зеленчук зреат токму на лето. Овошјето и зеленчукот се богати со витамини, минерали, хранливи влакна и антиоксиданти, кои се неопходни за правилно функционирање на нашето тело.

Освен тоа, играат важна улога и регулирање на тежината. Зеленчукот нуди широк спектар на вкусови и бои, така што секој може да најде нешто по свој вкус. Може да се јаде сиров, варен, печен на скара, на пареа или како пире. Ова е зеленчукот кој може да се најде на нашето поднебје, а зрее на лето:

Домат
Ликопенот и калиумот од доматите се многу важни за одржување на крвниот притисок и нивото на холестеролот во крвта. Доматите се богати и со витамин Ц, клучна состојка за нашиот имунитет. Во исто време, витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го забавува стареењето на кожата.

Краставица
Целата вода во краставиците може да ви помогне да останете хидрирани. Витаминот К помага при згрутчување на крвта и ги одржува коските здрави. Витаминот А е важен за видот, имунолошкиот систем и репродукцијата. Антиоксидантите како што е бета каротенот во краставиците можат да помогнат во борбата против слободните радикали во вашето тело.

Боранија
Боранијата е богата со витамин К, а содржи и голема количина на калциум. Овие хранливи материи се важни за одржување силни, здрави коски и намалување на ризикот од фрактури. Витаминот Б кој го содржи боранијата е неопходен за добро ментално здравје.

Пиперки
Пиперките се одлична нискокалорична храна полна со хранливи влакна, што ги прави идеални доколку сте на диета. Богати се со витамин Ц за кој веќе рековме дека е моќен антиоксиданс, а содржи и витамин Б9 кој е исклучително важен за време на бременоста.

Модар домат
Модриот домат има антиоксиданти како витамините А и Ц, кои помагаат во заштитата на вашите клетки од оштетување и стареење. Исто така, тој е богат со природни растителни хемикалии наречени полифеноли, кои можат да им помогнат на клетките подобро да го обработуваат шеќерот ако имате дијабетес.