Денеска нè очекува сончево и многу топло време. Попладне на места ќе биде до умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од јужен правец. УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе има вредност 9.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 степени Целзиусови, а максималните ќе се искачат од 33 до 41 степен.
Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Tемпературите ќе се движат од минимални 19 до максимални 41 степен.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток ќе се задржи сончевото и многу топло време со максимални температури и над 40 степени, а од денеска во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со услови за краткотрајно невреме.