Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски jа посетија Клиничката болница во Штип, каде годинава е обезбедена нова лапароскопска и ендоскопска опрема, како и цисто – уретроскопски сет кој се користи за уролошки процедури.
-Од раководството сум информиран дека досега се извршени вкупно 216 процедури со овие апарати, истакна министерот Таравари при посетата.
Вкупната сума на опремата изнесува 11.641.880 ден и е набавена од средства на Министерството, на барање на хирурзите и уролозите.
За нас посебно важно и во наредниот период посебен фокус ќе ставиме на регионализацијата и токму на зајакнување на регионалните здравствени центри, а основна цел ни е унапредување на пристапот до здравствена услуга за нашите граѓани, посочи министерот Таравари.