На Универзитетската Клиника за гинекологија денеска ќе се одбележи Светскиот ден на предвремено родените бебиња.

На прес-конференцијата ќе се обратат директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, заменик министерот за здравство Јовица Андовски и клинички неонатолог педијатар.

Како што соопшти Министерството за здравство, на настанот ќе бидат презентирани новата статистика за прематуритетот и ќе се најави набавка на нов транспортен апарат за вентилација на превремено родените, воведување на нов бесплатен скрининг за трудници, како и промоција на нов водич за родители на превремено родените бебиња.