Отечени нозе и глуждови
Долго седење во иста положба, или работно место кое бара долго стоење на нозе, недоволна физичка активност. Ова предизвикува отечени ное и глуждови, а може да искусите и болка и чувство на „тешкотија“ во нозете.
Симптомите се влошуваат ако мора да носите високи потпетици.
За да го намалите отокот, легнете на земја со нозете исправени нагоре и повторувајте го тоа неколкупати во денот. Правете одмор и одете на кратка прошетка од време навреме и носете поудобни чевли.
Задржување на вода во делот околу стомакот
Покрај многуте причини, причина за ова може да биде и консумирање на таблети за контролирање на бременост кои содржат хормони, доколку сте во очекување на менструален циклус, или ако користите хормонска терапија.
Ако причината е менструалниот циклус, би требало да помине само од себе по неколку дена. Но, ако е поврзано со лекарствата, треба да го консултирате вашиот доктор за проблемите.
Отечени нозе и абдомен
Дали често останувате без воздух и се чувствувате слабо и немоќно? Забрзаниот пулс и губењето воздух може да бидат причина за задржување на вода во телото, посебно во пределот на абдоменот.
Ако се појават овие симптоми без посебна причина на која може да се сетите, задолжително посетете го вашиот доктор, а во меѓувреме внимавајте на исхраната и намалете го внесот на сол.
Овие симптоми во комбинација со отечени нозе и стомак, може да бидат знак на проблеми со срце.
Отечено лице (посебно во делот на очите)
Ако вашите вечерни оброци се состоеле од солени грицки, брза храна или нешто конзервирано, можно е тоа да е причината за отеченото лице следното утро.
Оваа состојба ќе помине сама од себе по некое време, но за да го забрзате процесот обидете се поздраво да се храните и да избегнувате многу солена и тешка храна, посебно навечер.
Општи правила за справување со вишок вода во телото:
- Одржувајте здрава исхрана и намалете ја количината на сол
- Вклучете јаткасти плодови, банана, авокадо, цитрусни овошја и зелен зеленчук во исхраната
- Држете ги стапалата кренати повисоко по напорен ден
- Консултирајте се со вашиот доктор за сите невообичаени промени