-Денеска со особено задоволство ги примив благодарниците од Slovenské veľvyslanectvo v Severnom Macedónsku и од ХЕМАОНКО – HEMAONKO за мојата поддршка на настанот „Појадок со ХЕМА – ОНКО: Заедно во превенција и свесност за рак на дојка” со којшто беше одбележан октомври – месецот за подигнување на свеста за рак на дојка, објави Претседатеклата Гордана Сиљановска Давкова на својот фејсбук профил.

-Мојата поддршка секогаш ќе биде присутна за активностите насочени кон подигнување на свеста за рак на дојка и кои можат да придонесат за поздрав свет за нашите граѓани. Секоја иницијатива за поддршка, едукација и лечење може да направи разлика, нотираше Сиљановска Давкова.

Секогаш е време за промени што водат кон подобро здравје!, потенцира во објавата Сиљановска Давкова.