Ракот на грлото на матката најчесто не дава симптоми во раниот стадиум, затоа е важно редовно да одите на гинеколошки преглед.

Иако нема јасни симптоми, телото испраќа сигнали дека во него се развива опасен тумор. Меѓутоа, овие симптоми жените за жал често ги занемаруваат и ги сметаат за неважна работа, па токму таквиот став може да ги чини и живот.

Симптомите кои главно укажуваат на рак на грлото на матката се вагинално крварење, иако е завршен менструалниот циклус, болки во стомакот, неможност да се истрпи мокрење и крв во урината.

Исто така, на оваа болест укажуваат и болките во коските, болките во долниот дел на грбот, отекување на нозете, губење на апетитот, нагло слабеење, чувство на поспаност, нервоза и промени во текот на мокрењето, како и промена на столицата.

Најважен вид на превенција од рак на грлото на матката е редовен гинеколошки преглед, а поголемот дел на случаеви ако се откријат на почетниот стадиум, се излечени.