Утре и во сабота ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат и под -10 степени.
Како што најавуваат од УХМР од недела следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините, а од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд.