Во Македонија се увезувал мазут кој имал сомнителен квалитет. Значи, овој мазут се користел за разни потреби и при тоа животната средина се загадувала различни хемикалии кои се ослобдуваат при согорување на мазутот, пишува доктор Андон Чибишев, директор на клиниката за Токсикологија.
-Една од најтоксичните компоненти на мазутот е бензенот. Тој внесен акутно може да го загрози животот, а на долг рок предизвикува сериозни нарушувања на нервниот систем, коагулацискиот процес, срцето, бубрезите, црниот дроб, имунолошкиот систем, менталниот развој и забавување на растот кај децата и може да предизвика крвни болести вклучувајќи и леукемија, истакнува Чибишев.