Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите посочи имунизацијата се спроведува во сите градови низ државата. Околу 50-тина илјади вакцини во понеделникот беа дистрибуирани, а во процесот на имунизација се вклучени и центрите за масовна вакцинација, тоа се спортските сали и здравствените домови, истакна Филипче.

Тој посочи и дека не постои шанса било кој лек да се пушти во промет доколу нема одобрение од Агенцијата за лекови.

– Вчера се покрена едно прашање околу документацијата, дозволите итн. Сакам да објаснам дека граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет вклучувајќи и вакцина доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес, изјави Филипче.