Во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје, вчера во 11.30 часот, во моментот кога медицинска сестра давала медицинска помош на пациент, во ординацијата влегол нејзиниот невенчан сопруг Х.Б. од Скопје, кој почнал агресивно да се однесува, информираше полицијата во дневниот билтен.
Тој бил спречен од обезбедувањето, кое го отстранило од ординацијата.
Од МВР велат е преземаат мерки за расчистување на случајот, но не откриваат на која Клиника се случил инцидентот.