Дали откако го даде како предлог и го најави Филипче, новиот предлог закон за абортус, зема за сходно да одвои време и да се консултира со доктори, колеги, советници од ГАК, што тоа би значело за здравјето на мајката. Тој помпезно најави дека жените ќе имаат право да одлучуваат, дека овој предлог закон се носи во нивна корист и дека најмногу тука и со ова, ТОЈ ќе им помогне на сите оние трудници кои имаат несакана или случајна бременост полесно да се одлучат за абортус или не!

При тоа веруваме дека министерот за здравство не поминал ниту еден час консултирајќи се со некого од Клиниката за Акушерство и Гинекологија бидејќи да го направел тоа ќе ги знаел и последиците кои при ваквите одлуки може да се појават. Новиот предлог закон во себе носи искажан текст со кој трудницата може да одлучи да ја прекине бременоста и да го отстрани плодот по пат на абортус и со наполнета 22-ра недела!

Најчудното тука а што не потсетува на минатото е дека работите се повторуваат со овој министер, истото што провејуваше како прашање во моментот кога министерот одлучи да воведе нови вакцини во вакциналниот календар кај дечињата и при тоа на никого ништо не образложи, не објасни, бидејќи нормално НЕМА ПОТРЕБА, едноставно тој одлучи и тоа го спроведе, па сега доста родители се соочуваат со фактот дека мора да сносат одредени санкции, парични казни како и уште што не.

Само затоа што нивното дете не успеало да прими макар и една вакцина, односно задоцнило или било настинато во периодот кога требало според календарот да прими вакцина, па сите други вакцини може да се уредно примени меѓутоа само една вакцина носи санкции, стрес на родителите и повторно неодговореното прашање, какви вакцини се примаат, со кој рок, од кој производител и има ли студија со која се покажува дека истите се во ред, па да се применат и во нашата држава. Како што за ова министерот Филипче не даде објаснение ниту одговор, истото сега го прави и за РОДИЛКИТЕ!

На ниедна родилка не и е објаснето кој е ризикот доколку реши да ја прекине бременоста во 22-рата недела или поточно кажано 5 ипол гестациски месеци, што значи со други зборови не разговараме за фетус кој не е развиен или тек допрва се развива, па е мало нешто со големина на домат или слично, туку разговараме за бебе со тежина над 0,8 – 1,2 килограми и развиено со сите органи и се што е потребно.

Како тогаш нашиот „спретен“, „стручен“, и доволно информиран министер знаејќи ги сите овие работи не го соопштува во својот прес заедно со предлог законот и факторот ризик, односно кои се можните последици од донесувањето ваква одлука на мајката и прекинување на бременоста во 22-рата недела.

Никаде не е пишано ниту пак стои дека ризикот кој го носи жената по нејзиното здравје при ваква одлука е следниот:

– Траен Стерилитет,

– RH сензибилизација,

– Трајно отстранување на матката и

– СМРТ.

Која е поентата на овој наш „експертски“ министер да го зголеми ризикот на родилките, да ја зголеми опасноста по здравјето на идните мајки, да го намали наталитетот во извесна мерка и да доведе до одреден процент на стерилитет вештачки инициран и наметнат само за да оствари некои цели од партијата, за личен профит или поради некоја трета непозната причина.

До кога министерот не само што не е способен и не знае да раководи со министерството, туку до кога и ние како народ ќе мора да го трпиме и да ги следиме и секојдневно да ги гледаме неговите грешно донесени одлуки, неговите грешни проценки, неговите грешки кои носат човечки животи, до кога неговите грешки и грешките на неговиот тим и советници ќе ги плаќаме ние народот на Македонија, ние пациентите – прашуваат граѓаните на Р. Македонија и порачуваат, ваков министер не ни треба, Филипче, оставка!