Синдикатот за образование и наука СОНК и новоформираниот самостоен синдикат за образование влегоа во вербална војна. Си ја префрлаат одговорноста за тоа кој има поголеми права кога е во прашање заштитата на образовните работници.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека ако Томислав Гиевски не се извини, ќе му поднесат кривична пријава, за како што рече лажно обвинување и навреди кон СОНК.
Од СОНК пак велат дека не отстапуваат од нивниот став, нагласувајќи дека Колективниот договор важи само за нивните членови.
Од Независниот синдикат, во соработка со група правници, поднесоа иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на Членот 3 од Колективниот договор за основно и средно образование, во кој пишува:
Независниот синдикат за образование и наука бара од МОН и Министерството за труд и социјална политика, да изнајдат решение за овој проблем, односно да се измени овој дел од Колективниот договор.
Придобивките кои ги овозможува Колективниот договор за основно и средно образование, можат да ги користат само членовите на Синдикатот за образование, наука и култура. Самостојниот синдикат за образование и наука, кој е формиран неодамна, не се согласува со договорот, кој функционираше со амин од Министерството за образование и наука. Претседателот на синдикатот, Томислав Гиевски, вели дека вработените во образованието се присилени да плаќаат членарина на СОНК за да ги остварат своите права.