На Воено медицинската академија (ВМА) во Белград на 51-годишна жена успешно ѝ бил остранет тумор тежок 18 килограми, соопштија од Клиниката.
Комплицираниот хируршки зафат бил успешно завршен поради мултидисциплинарниот пристап во лечењето.
Туморот бил локализиран во стомакот и бил со пречник од 50 сантиметри, тежок 18 килограми.