Примерокот природна минерална вода од мерното место Кумановска бања во селото Проевце Куманово е отровна, односно не е безбедна за консумирање од страна на човекот, стои во лабораторискиот надо од Инситутот за јавно здравје на Република Македонија.
Примерокот земен на 6ти минатиот месец, не одговара на законските и стручни прописи ов однос на испитаните параметри за бактериолошка анализа поради раст на Pseudomonas aeruginosa, како и во однос на испитаните параметри за физичко-хемиска анализа поради зголемена содржина на арсен.
Како што стои во анализата на Институтот, примерокот сирова природна минерална вода е исправен во однос на анализата на резидиум од пестициди, радиолошка и паразитолошка анализа.
Сепак, потребно е да се врши кондиционирање (деарсенизација-редукција на арсеонот) и редовна дезинфекција на минералната вода со ултравиеолетна лаба за да може да се користи за пиење или за производство на газирана/негазирана пакувана природна минерална вода за пиење.
Истпитаниот примерок, како што посочува Институтот не е безбеден за консумирање од страна на човекот.