Истражувањата покажале дека редовната консумација на диња може да ја направи вашата кожа поубава и поздрава.
- Ја хидрира и ја храни кожата
Дињата ги содржи витамините К и Е кои играат клучна улога во одржувањето на здравјето на кожата и ја прават мека и чиста. Со оглед на големото количество на вода, дињата одлично го хидрира целото тело, вклучувајќи ја и кожата – најголемиот орган. Површинското нанесување диња може да ги ублажи кожните иритации и убодите од инсекти.
- Ја поттикнува регенерацијата на кожата
Витамините А и Ц имаа чудесно дејство на кожата. Витаминот А заедно со витаминот Ц ја поттикнуваат регенерацијата на кожата и производството на колаген, сврзно ткиво што на кожата и’ дава младешки изглед. Од дињата можете да направите маски и да ја нанесувате на површината на кожата, но ќе почувствувате исто толкави придобивки и по самата консумација.
- Го спречува предвременото стареење на кожата
Дињата има антиоксидациско дејствување и го намалува нивото на слободни радикали. Исто така, ја намалува и штетата настаната поради слободните радикали. Некои истражувања покажале дека дињата може да придонесе за заштита од УВ зраците, кои се главниот виновник за предвременото стареење на кожата.