Сите ние сакаме да изгледаме помлади, да бидеме убави и здрави, да имаме повеќе енергија и полесно да се избориме со сите болести кои би можеле да го нападнат нашето тело. Многумина веднаш ќе ви го кажат решението, редовна и здрава исхрана, движење и вежбање, пиење вода, методи на ослободување од стрес, добар и долг сон и водење релаксиран и здрав начин на живот. Сето тоа е точно, но би се изненадиле кога би слушнале колку е едноставен методот кој помага во подмладување на телото, впрочем сè што ви треба е коцка мраз.

Станува збор за точката наречена фенг фу која се наоѓа на задниот долен дел од главата, односно вдлабнатинката која ги спојува главата и вратот. Доколку редовно ставате коцка мраз на точката фенг фу, тоа ќе ви помогне во подмладување на вашето тело.

 Еве што треба да направите – легнете на стомак и ставете коцка мраз на точката фенг фу. Може да ја прицврстите со фластер или да ја заврзете со марама. Оставете да стои околу 20 минути. Правете го ова наутро пред јадење и навечер пред да си легнете, со неколку дена пауза.

Ова се придобивките:
– Го подобрува сонот.
– Го подобрува вашето расположение.
– Ја подобрува виталноста и енергичноста.
– Ве брани од настинки.
– Помага при забоболка и главоболка.
– Може да ви помогне доколку страдате од белодробни и кардиоваскуларни заболувања.
– Може да ви помогне доколку имате проблем со тироидната жлезда.
– Ви помага при ПМС.
– Го подобрува менталното здравје.